Сите пациенти имале необични симптоми: Исповед на јужноафриканската докторка која прва укажала на новиот сој на коронавирус

Точка

28/11/2021

14:06

7.739

Големина на фонт

а а а

Јужноафриканската докторка Анжелик Кутзи, која прва ги предупреди властите во својата држава за појавата на нов сој на коронавирус помеѓу пациентите, изјавила за „Дејли Телеграф“ дека симптомите на новиот сој, кој Светската здравствена организација го нарече омикрон, се „необични, но благи“.

Кутзи наведува дека за првпат ја воочила можноста за појава на нова варијанта на почетокот на овој месец, кога пациентите во нејзината приватна клиника во Преторија започнале да доаѓаат со симптоми на Ковид-19 кои на почетокот „ѝ немале смисла“.

Младите лица од различни општествени слоеви велеле дека чувствуваат интензивен умор, а 6-годишно дете имало многу забрзан пулс.


„Никој немаше изгубено сетило за мирис или вкус“, вели докторката, додавајќи дека „симптомите биле многу различни и благи во споредба со оние кои ги третирала претходно“.

Кога четворица членови од исто семејство кои биле позитивни на коронавирус се пожалиле на исти симптоми кои вклучуваат умор, Кутзи го предупредила државниот советодавен одбор за вакцинација. Таа рекла дека дваесетина нејзини пациенти добиле позитивен тест со симптоми на новата варијанта и наведува дека приближно половина од нив не биле вакцинирани.


„Имавме еден интересен случај. Дете, на околу 6 години, со висока температура и пулс. Се прашував дали да го хоспитализираме. Кога го проверив по неколку дена, беше подобро“, вели Анжелик.

Кутзи во саботата известила неколку африкански лекарски здруженија за своите откритија и јасно им ставила до знаење на нејзините колеги дека сите нејзини пациенти се денес здрави, но се грижи дека новата варијанта може да биде поопасна за постарите лица со коморбидитети.

„Она од што сега треба да се плашиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новиот сој, можеме да очекуваме повеќе случаи на тешки облици на болеста“, заклучува докторката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг