Холандските власти објавиле: 61 патник од Јужна Африка позитивен на коронавирус, се стравува дека е сојот омикрон

Точка

27/11/2021

10:10

3.610

Големина на фонт

а а а

Холандските здравствени власти соопштиле дека 61 лице кое во петокот пристигнало во Амстердам на два лета од Јужна Африка, било позитивно на ковид-19, а дека денеска рано наутро спроведувале дополнителни тестови за да видат дале некоја од заразите е неодамна откриената варијанта омикрон.

Околу 600 патници пристигнале на амстердамскиот аеродром Шипол со два лета во петокот, а потоа се соочиле со часови доцнење и тестирање поради новата варијанта на вирусот.

Холандското министерство за здравство рано утрово соопштиле дека 61 тест бил позитивен.


"Патниците со позитивни резултати ќе бидат сместени во изолација во хотелот во или во близина на Шипол", објавиле здравствените власти во соопштението.

"Од позитивните резултати на тестирањето, истражуваме дали станува збор за новата загрижувачка варијанта наречена омикрон".


Холандската влада вчера ги забранила сите летови од Јужна Африка.

Министерот за здравство Хуго Де Јонге рекол дека патниците кои се веќе на пат кон Холандија ќе мора да минат тестирање и карантин по пристигнувањето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг