Видео: Упад на инспекторите во „Беса транс“ - се вршат претреси и на други локации

Точка

26/11/2021

18:28

5.422

Големина на фонт

а а а

Полициски служби и инспектори вечерва влегоа во седиштето на „Беса Транс“ во Скопје.

Се собираат дополнителни документи потребни во истрагата за несреќата. Во несреќата со овој автобус пред 3 дена кај „Струма“ загинаа 45 патници, а 7 преживеаја.

По денешниот безуспешен обид на инспекторите да извршат вонредна контрола во компанијата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција потврди дека се вршат претреси не само во просториите на „Беса Транс“, туку и на други локации со цел да се обезбедат доказни материјали.

Полицијата постапува по налог на Обвинителството, кое што отвори предмет по укажувањата за можни прекршувања на законот при превоз на патници. Според сознанијата на Спасовски, автобусот кој изгоре во несреќата, дури 135 пати во изминативе две години ја поминал државната граница, иако не поседувал лиценца. Користена била лиценца од друго возило, со што е прекршен законот.

На прашањето каде се сопствениците на „Беса транс", компанијата чиј автобус изгоре во трагична автобуска несреќа во Бугарија, министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека тие се достапни и дека со нив се разговара, но не одговори каде се.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски дополни дека автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 патници,за превоз на патници користел неважечки извод од друг автобус. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг