Веќе е добро познато дека лукот е моќен природен лек. Дури и старите Египќани им давале лук на своите робови за да останат здрави.
Денес современата медицина преку научни истражувања само ги потврдува сите претходни сознанија во врска со лукот, до кои човештвото дошло низ повеќевековните искуства пренесени од колено на колено.
Во аптеките ширум светот на располагање се голем број билни препарати на база на лук кои се применуваат како помошни лековити и превентивни средства.

Лукот е докажан антибиотик, ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Верувале или не, тој дури и го отстранува уморот, напнатоста, вознемиреноста и го подобрува расположението благодарение на селенот кој се наоѓа во него.
Лукот употребен во мали количини како додаток во јадења кои предизвикуваат гасови (грашок, грав...), ја намалува надуеноста на стомакот. Тој е одличен антиоксидант, го забавува процесот на стареење и ефикасно штити од многу хронични заболувања, катаракта, бронхитис, Паркинсонова болест и многу друго.

Еве како да подготвите стар тибетски лек со лук кој постои повеќе од 2000 години:
Лук, лимон и мед против стареење на организмот
Подготовка: Ситно сомелете 10 главици лук и измешајте ги со 1 килограм мед и сок од 10 лимони. Ставете ја смесата во стаклена тегла, затворете и оставете да отстои 8-10 дена. Потоа, два пати дневно, пред оброк, земајте по една лажица од оваа мешавина.





