Рачно напишаните белешки на Ајнштајн се продадени за неверојатни 13,7 милиони долари

Точка

24/11/2021

19:32

11.797

Големина на фонт

а а а

Белешките на Алберт Ајнштајн се продадени за неверојатни 13,7 милиони долари на аукција во Париз, пренесува Скај Њуз.

Белешките содржат 54 страници испишани со ракописот на научникот и претставуваат еден од вкупно два познати документи во кои ја изработувал својата позната терија за релативност.

Организаторите на аукцијата ја процениле вредноста на белешките помеѓу 2,3 и 3,4 милиони долари. Во работата на овие белешки учествувал и швајцарскиот физичар Бесо во 1913 и 1914 година.


"Ајнштајн чувал ретки документи, малку се оние кои се креирани пред 1919 година, а кои сѐ уште постојат. Поради тоа е неверојатно што овие белешки опстанале до денес", рекле организаторите.


Тие додаваат дека белешките се посебни и се гледаат јасно грешките и прецртувањата што докажува дека дури и генијалниот научник правел грешки додека ги изработувал своите теории.



Спонзорирани линкови

Маркетинг