(Видео) Пожарот почнал во предниот дел од автобусот, а внатре имало туби со нафта, вели секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов

Макфакс

23/11/2021

13:30

8.875

Големина на фонт

а а а

Во автобусот имало туби со нафта, а огнот почнал од предниот дел, најверојатно во системот за греење, рече секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов.

Тој за БТВ изјави дека автобусот се движел со повеќе од 100 километри на час и на местото на несреќата немало знаци на кочење. Пиргов верува дека станува збор за човечка грешка.

Секретарот за безбедност, кој пристигнал на местото на несреќата меѓу првите, раскажа дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти кон лево. Изгорен е предниот дел на автобусот. Преживеале луѓето што седеле на задните седишта. Тие го разбиле стаклото и излегле.

Пиргов ја исклучи можноста возачот да заспал наведувајќи дека кусо пред несреќата автобусот застанал на бензинска станица на магистралниот пат „Струма“ и направил пауза околу половина час.

Вели дека нема можност автобусот да зализгал на патот бидејќи нема знаци на кочење.