Бабите се емоционални повеќе поврзани со внуците отколку сопствените деца

Точка

20/11/2021

18:09

15.058

Големина на фонт

а а а

Често од бабите можеме да слушнеме дека внуците се нивното најголемо богатство во животот. Дека тоа е навистина така, покажа и студијата со која било докажано дека бабите се емоционално поврзани со внуците отколку со соптствените деца.

Уште од 1960-та година истражувачите како причина за долг живот после репродуктивни години го навеле времето поминато со најмладите, кои пружаат најголема психичка поддршка.

Некои од последните докази истакнуваат дека бабите се заслужните за детската безгрижност, благосостојба, како и остварување на големите успеси.


За подобро да сфати што се случува, антропологот Џејмс Рилинг направил студија која опфатила 50 баба со најмалку по едно внуче на возраст од 3 до 12 години. Служејќи се со магнетна резонанца за да ги скенираат мозоците на бабите додека гледаат фотографии од своите сакани внуци дојдоа до интересни резултати.

"Она што посебно отскокнува е активацијата на деловите од мозокот поврзани со емоционалната епатија. Бабите се водени се според она што го чувствиваат нивните внуци додека комуницираат со нив. Ако нивните внуци се среќни, и бабите се среќни. Ако се тажни или плачат и тие исто така ја чувствуваат нивната така и вознемиреност".

Емоционална емпатија е кога можете да го почувствувате она што и некој друг го чувствува, а когнитивна е кога на когнитивно ниво разбирате што некој друг чувствува и зошто.