Докторите по прегледот на Бајден: „Тој е здрав, силен и подготвен за должност“

Макфакс

20/11/2021

10:03

3.247

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Џо Бајден, кој вчера беше подложен на медицински преглед и колоноскопија, е подготвен за своите должности и е во состојба да ги извршува без никакви прилагодувања, вели неговиот лекар во писмото што го објави Белата куќа.

Кевин О’Конор, докторот на американскиот претседател, вели дека на колоноскопијата бил пронајден полип со бениген изглед, кој бил лесно отстранет.

„Хистолошката евалуација се очекува да биде завршена на почетокот на следната недела. Претседателот никогаш немал рак на дебелото црево“, изјави докторот.

О’Конор, исто така, посочува дека Бајден покажал зголемена фреквенција и сериозност при чистење на грлото поради рефлукс, за што е потребен детален преглед. Тој преглед не откри тумори, чиреви, рак или други сериозни состојби, тврди докторот.

Одењето на Бајден исто така изгледа значително потешко и помалку витално отколку во минатото, напиша О’Конор. Испитувањето покажало дека најголемиот дел од вкочанетоста може да се припише на абење на ‘рбетот.

Бајден, кој денеска го слави својот 79-ти роденден, ја продолжи својата претседателска функција по краткиот трансфер на власта на потпретседателката Камала Харис за време на анестезијата. Така, Харис стана првата жена во историјата на САД која имала претседателски овластувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг