Облачно со температури до 16 степени

Макфакс

19/11/2021

08:56

1.540

Големина на фонт

а а а

Времето денеска, претпладне ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 12 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг