Иако и понатаму е нелегална во некои држави, марихуаната отворила нови бизнис идеи во оние земји во кои консумирањето е дозволено.
Има и познати личности кои ја искористиле можноста и покренале линија на нови производи.
Рекреативната марихуана сега е легална низ Канада и во 15 американски држави - Њујорк се приклучи на зголемениот број на 31-ви март, а американската индустрија за трева е огромен бизнис.
Продавниците за марихуана стануваат вообичаени, како трафики.
Иако 30 отсто од возрасните Британци барем еднаш пробале канабис и CBD - легалната, непсихоактивна состојка во канабисот процвета во последниве години, земјата сè уште е далеку од легализација.
Двете големи политички партии се силно против оваа идеја, иако може да се даде силен аргумент за тоа колку пари би донела од даноците, што би поттикнало опаѓање на економијата по Ковид-19.
Употребата на медицински канабис исто така е легална од 2018-та година, а на компаниите за медицински канабис неодамна им беше дозволено да се вклучат на лондонската берза.
Но, има познати личности кои решиле да се занимаваат со легална трговија со трева и дистрибуција на марихуана.
Џастин Бибер
Поп-мегаѕвездата лансираше линија на производи под називот „Peaches“ со компанијата „Palms“.
Џеј Зи
Луксузната компанија на раперот, „Monogram“ е покрената кон крајот на минатата година. Раперот има стандардна продажна цена од 50 долари за рачно направен џоинт.
Марта Стјуарт
Една од најуспешните жени во светот има линија на CBD производи. Дали некој сака гумени бонбони?
Виз Калифа
„Khalifa Kush“ е бренд на канабис на американскиот рапер, а исто така создал и видео игра со тема фарма со трева.
Борис Џордан
Руско-американскиот бизнисмен Џордан станал вистински милијардер кој заработката ја стекнал од марихуана, благодарение на својата компанија „Curaleaf“.