(Видео) Директорот на ГТЦ од медиумите дознал дека се „копаат“ криптовалути: „Запрепастен сум од ова што се случува“

Точка

16/11/2021

20:45

4.437

Големина на фонт

а а а

Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, во изјава за „ТВ21“ вели дека од медиумите дознал за случајот со копањето криптовалути кој беше откриен во магацински простор во сутеренот на ГТЦ.

„Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата бидејќи се работи за 500 до 600 дуќани, магацински и деловен простор и друг вид на простории“, изјави Трајчевски за случајот.

На прашањето дали има забележано некакви комбиња во тој дел од ГТЦ, Трајчевски демантира:

„Не знам, не стигнала до мене таква информација. Дуќанџиите оставаат долу возила и комбиња, се врши дотур на стока. Утре ќе стапам во контакт со МВР и органите за да видиме што понатаму“, вели Трајчевски



Спонзорирани линкови

Маркетинг