Умерено облачно време со температура до 16 степени

Макфакс

16/11/2021

08:36

1.541

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла.

Попладне облачноста делумно ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време, посончево во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, преку денот умерено облачно. Максималната температура ќе достигне 13 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг