Албанците ја 'распнаа' нивната мисица: Овојпат три прсти правилно поткренати...

Точка

27/10/2021

17:23

8.648

Големина на фонт

а а а

Откако гестот на српската мисица Валентина Петровиќ, која на изборот за Мис Интерконтинентал во Египет покажа симбол на двоглав орел предизвика бура во јавноста, нејзината албанска колешка од натпреварот покажала српски симбол - три прста.

Истата ноќ кога мисиците позирале покажувајќи двоглав орел, позирале и со кренати три прста.


Иако коментаторите забележале дека ниедна од нив не ја држи дланката со кренати три прсти свртена кон камерата, мисиците подоцна се 'искупиле' со нова фотографија.


Имено, српската и албанската претставничка, овојпат, на кревет во хотелска соба, позирале со дланките свртени кон камерите, што јасно укажува на српскиот национален симбол.

Албанските медиуми го осудиле гестот на нивната мисица Фронтина Гаши, нарекувајќи ја 'скандалозна'.


Да потсетиме, претставничката на Србија, Валентина Петровиќ, ѝ се извинила на домашната јавост откако на социјалните мрежи протекоа фотографии на кои го покажува спорниот албански симбол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг