Мајката на Илон Маск тема број 1 на социјалните мрежи: Ретко која жена во 8-та деценија би се осмелила да го облече ова

Точка

27/10/2021

17:43

7.311

Големина на фонт

а а а

Меј Маск, манекенка и нутриционистка, мајка на милијардерот Илон Маск е пример за многу жени ширум светот.

Нејзините модни комбинации секогаш се полн погодок, а нејзиниот стил е посебен, иновативен и неповторлив. Таа плени со самодоверба и позитивна енергија каде и да се појави, па затоа не е ни чудно што големите модни куќи сакаат да соработуваат со неа.


Иако е во 8-та деценија од животот, Меј Маск може да стои рамо до рамо со многу помлади трендсетерки.

Нејзините стајлинзи секогаш предизвикуваат лавина коментари, а така било и овојпат. Имено, таа била фотографирана на модната ревија на брендот „Balmain“, каде речиси и ја засенила целата манифестација.


Меј прошетала во црни кожни панталони и жолт џемпер, во комбинација со чипкасти хулахопки и впечатлива чанта.

Косата ѝ била залижана, шминката ефектна, а од накит носела големи обетки во форма на срциња. Сето ова било доволно да стане тема број 1 на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг