Мистериозно откритие кое ги изненади и астрономите: Пронајдена првата можна планета надвор од нашата галаксија

Точка

27/10/2021

15:16

21.433

Големина на фонт

а а а

Астрономите добиле сигнали за можно постоење на првата планета која некогаш била откриена надвор од нашата галаксија.

Досега пронајдени се речиси 5.000 „егзопланети“ - светови кои кружат околу ѕвездите надвор од нашето Сонце, но сите тие се лоцирани во галаксијата Млечен пат.

Можната планета со големина на Сатурн, која ја открила NASA со рендгенскиот телескоп „Chandra“, се наоѓа во галаксијата Месиер 51 и на околу 28 милиони светлосни години од Млечниот пат, пренесува „BBC“.

Најновите резултати се основани на транзитирање, каде поминувањето на планетата пред ѕвездите блокира дел од светлината на ѕвездите и дава карактеристичен пад на количината на светлина која може да се открие со телескопите.


Оваа техника веќе била користена за пронаоѓање на илјада егзопланети.

Доткорката Розен ди Стефано и нејзините колеги барале пад во осветленоста на рендгенските зраци добиени од вид објекти познат како бинарен стај на рендгенскиот зрак.

„Методата која ја развивме и применивме е единствената применлива метода за откривање на планетарни системи во другите галаксии“, изјавила Ди Стефано од американскиот Центар Харвард-Смитсони за астрофизика во Кембриџ.

„Тоа е единствената метода, погодна за пронаоѓање планети околу рендгенските бинарни системи на која било оддалеченост со кои можеме да ја измериме светлосната крива“, додала таа.

Овој бинарен систем содржи црна дупка или неутронска ѕвезда која кружи околу ѕвездите следбеници чија маса е околу 20 пати поголема од сончевата. Научниците сепак признаваат дека се потребни дополнителни податоци за да се потврди нивната интерпретација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг