Кралицата Елизабета ќе го пропушти самитот за климатските промени - докторите ја советуваат да одмара

Точка

26/10/2021

20:57

3.337

Големина на фонт

а а а

Британската кралица Елизабета нема да присуствува на климатскиот самит COP26 во Глазгов следната недела бидејќи докторите ја советувале да одмара, соопштија денес од Бакингамската палата.

"После советите да се одмори, кралицата презеде полесни должности во Виндзор", се наведува во соопштението.

Се додава дека нејзиното Величество со жалење одлучи дека нема да патува за Галзгов каде требало да присуствува на самитот за климатски промени.


Одлуката на кралицата Елизабета била разумна и се надева дека другите нема да ја искористат нејзината одлука како причина да го пропуштат овој настан, рекол извор од Бакингамската палата.

Кралицата на делегатите ќе им се обрати по пат на снимена порака, се додава во соопштението.


Минатата среда, кралицата Елизабета помина една ноќ во Лондонската приватна болница каде ѝ биле извршени неколку испитувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг