Флојд Мејведер одби селфи со фан бидејќи имал лакирани нокти

Точка

26/10/2021

17:24

3.930

Големина на фонт

а а а

Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер одбил да направи селфи со негов фан, бидејќи имал лакирани нокти. Ова се случило на натпревар на НБА помеѓу Л.А. Клиперс и Мемфис Гризлис во Стејплс Центарот во Лос Анџелес.

Фан успеал да влезе на теренот и се обидел да направи селфи со славниот боксер, но Мејведер го турнал пред да реагира неговиот телохранител.

Во видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се слушне што кажува Мејведер:

"Имаш лакирани нокти, јас не се сликам со момци како тебе".

Како резултат на ова, Мејведер се соочил со негативни реакции и критики на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг