Ричардс за главниот проблем на Јунајтед: Ова е тим на…

Дерби

26/10/2021

16:44

1.912

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед доживеа вистински потоп на неделното дерби против Ливерпул (5-0), па сосема очекува тој е топ тема кога е во прашање фудбалот во Англија и пошироко.

Се прават анализи, се даваат коментари, се бара виновникот за поразот на „Олд Трафорд“, пораз кој уште долго ќе се памети. Многумина прстот го вперија кон тренерот Оле Гунар Солскјер, меѓутоа како што засега стојат работите неговата работа е сигурно, односно ќе ја задржи сегашната функција барем до средбата со Тотенхем.

Дали Оле ќе се извлече од оваа ситуација останува да видиме, а во меѓувреме поранешниот англиски репрезентативец Мика Ричардс се обиде од свој агол да го издвои најголемиот проблем на „црвените ѓаволи“ во моментов.

- Ова е тим на поединци, колективот го нема. Сите сакаат да бидат главна ѕвезда наместо да се држат до основите на фудбалот како трчање и одземање на топка. Ако го носите Роналдо кој е вашиот стил на игра? Роналдо е достапен и си велите ќе го донесам, ама мора да го вклопите со Фернандеш, Погба, Санчо, Гринвуд и Рашфорд, па каде е балансот?

- Јунајтед не е толку добар како Манчестер Сити, Ливерпул или Челси, затоа брани се длабоко и правете го она во што сте добри – тие треба да се вратат на основите, - порача Мика за „Би-Би-Си“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг