МЗ извештај: За една недела починале 124 лица од коронавирус во земјава, а еве колку од нив биле вакцинирани

Макфакс

26/10/2021

15:27

1.864

Големина на фонт

а а а

Во период од 15 до 21 октомври, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани.

Од вкупно починатите пациенти во период од 15 до 21 октомври, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина, соопшти денеска Министерството за здравство.

Според последниот извештај од здравство, еден пациент бил вакциниран со „Фајзер“. Двајца со вакцина на „Астра зенека“, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина на „Синовак“, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот „Синофарм“, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината на „спутник В“.

Министерството за здравство информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациентите, кои починале од ковид, a биле вакцинирани.

15 октомври – 71 год. кардиолошко заболување, 80 год. кардиолошко заболување, 75 год. кардиолошко заболување ДМ.

16 октомври – 69 год. кардиолошко заболување и дијабет, 72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида, 74 год. кардиолошко заболување и дијабет, 68 год. каридолошко заболување и обеситас.

17 октомври – 87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување, 86 год. кардиолошко заболување и дијабет, 65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас, 75 год. кардиолошко заболување80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување, 63 год. кардиолошко заболување, 69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување, 71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет, 69 год. кардиолошко заболување и обеситас.

18 октомври – 68год. кардиолошко заболување, 72год. белодробно заболување, 80год. кардиолошко и белодробно заболување.

19 октомври – 74год. крдиолошко заболување и обеситас, 83год. HTA ABI, 81год. HTA.

20 октомври – 79год. HBI, 79год. ХОББ и кардиолошко заболување, 67год. кардиолошко заболување.

21 октомври – 93год. кардиолошко заболување, 89год. HTA белодробно заболување.

Министерството за здравство во објавената неделна информација за починати лица со Ковид-19 известува за лицата кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. Притоа напоменуваат од таму, за комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг