Шефот на Твитер: "Хиперинфлацијата ќе промени сѐ"

Точка

25/10/2021

21:05

3.118

Големина на фонт

а а а

Коосновачот на Твитер, Џек Дорси смета дека инфлацијата во САД ќе ескалира и дека работите значително ќе се влошат.

"Хиперинфлацијата ќе промени сѐ. Тоа наскоро ќе се случи во САД, па и во светот", напишал Дорси на Твитер по повод порастот на потрошувачките цени во САД, кој е близу 30-годишниот максимум.

Сѐ поголема е загриженоста дека тој проблем би можел да биде уште поголем отколку што очекувале креаторите на монетарната политика.


Претседателот на Федералната резерва, Џером Пауел признал во петокот дека инфлаторните притисоци веројатно ќе траат подолго отколку што се проценувало, напоменувајќи дека тоа би можело да потрае и следната година.


Лидерот на американската централна банка додал дека очекува дека ФЕД наскоро ќе почне да ги повлекува вонредните корона мерки за поддршка на економијата, за која критичарите велат дека го поттикна порастот на инфалцијата.

Инаку, Дорси е актуелниот директор на Твитер и Сквер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг