Пејачот со поддршка за НБА кошаркарот: "Ти си вистински херој!"

Точка

25/10/2021

19:50

3.811

Големина на фонт

а а а

Крис Браун го нарекол кошаркарот Кајри Ирвинг "вистински херој". Музичарот во средата на Инстаграм објавил фотографија со која му дава поддршка на НБА ѕвездата поради неговата одлука да не се вакцинира.

"Вистински херој! Го поддржувам својот брат", напишал Браун под фотографијата од кошаркарот. "На кој не му се допаѓа тоа...оди живеј го својот проклет живот. Тоа е негов избор и проклето е добар. Секогаш на страната на мојот брат".


Ирвинг во последните неколку недели е во центарот на вниманието поради неговиот став за вакцината против Ковид-19, односно спортистот одлучил да не се вакцинира и со тоа не може да настапува за својот тим.


"Тажно е да се види како се дели нашиот свет. Луѓето губат работи поради вакцината...Ако се одлучите за вакцина, ве поддржувам. Направете го тоа што е најдобро за вас. Продолжувам да се молам за сите оние кои изгубиле некој поради пандемијата со Ковид-19", напишал Ирвинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг