Пујол испрати жестока осуда: Доживеав иста ситуација како Куман!

Дерби

25/10/2021

18:45

2.379

Големина на фонт

а а а

Карлес Пујол сериозно ги критикуваше фановите на Барселона кои вчера го чекаа Куман и го нападнаа автомобилот во кој тој беше со својата сопруга по крајот на „Ел Класико“, дерби пресметка која и легендарниот капитен ја следеше во живо од трибините.

Поранешниот стопер на каталонскиот гигант открива дека тој се соочил со иста непријатност како онаа која ја имал Куман по средбата, односно лутите фанови удирале и по неговиот автомобил на излегување од стадионот во Барселона.

– Мене ми се случи истото она што му се случи на Куман при излегување од „Камп Ноу“. Вистина е дека се исплашив, тие луѓе не се претставници на барселонизмот. Тие не се вистинските навивачи на Барселона, – жестоко осуди легендарниот Пујол, кој верува дека тимот немал доволно среќа на „Ел Класико“.

– Ако Дест постигнеше гол при резултат 0:0, ќе гледавме друг натпревар. Поради тоа, јас сум оптимист, верував во овој тим. „Ел Класико“ натпреварот беше изедначен и гледам потенцијал во тимот, – додава Пујол, кој за крај го брани и Ерик Гарсија кој вчера изгледаше доста бавно при вториот гол на Реал.

– Ерик ми изгледа на извонреден дефанзивец. Поседува капацитет да игра во Барселона и вчера беше еден од најдобрите на теренот заедно со капитенот Бускетс, – завршува Карлес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг