Се развива вакцина против коронавирус која ќе се прима орално, резултатите се ветувачки

Точка

22/10/2021

13:51

14.688

Големина на фонт

а а а

Испитувањето на експерименталната орална вакцина како бустер вакцина против Ковид-19 на мајмуни, која би можела да им се дава на лица кои веќе имаат антитела од претходната вакцина или ја прележале болеста, покажало ветувачки резултати.

Оралната вакцина веројатно наскоро ќе започне да се тестира и на луѓе, објави компанијата која ја развива.

Оралната бустер доза користи традиционална технологија во која безопасниот вирус носител ги пренесува протеините на коронавирус до клетките на површината на јазикот или на слузницата на образите и грлото, поттикнувајќи производство на антитела кои можат да го блокираат вирусот пред да навлезе во телото, вели д-р Стивен Расел, извршен директор на „Виријад“ (Vyriad) во Рочестер, Минесота и водич на студијата.


„Не само што оралната вакцина против Ковид-19 би била поедноставна и поприфатлива туку би можела да доведе и до подобар имунитет бидејќи се применува на место од каде што коронавирусот обично влегува во организмот“, вели тој.

Кај мајмуните, една недела по примањето на вакцината, нивото на антитела се зголемило за речиси 100 пати без нуспојави, додава д-р Расел. Резултатите од студијата се објавени на „bioRxiv“.

Се наведува дека „Виријад“ соработува со Американската управа за храна и лекови на планови за испитување врз луѓе. Студијата сè уште не минала низ стручна рецензија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг