Каније Вест повторно маскиран на средба со поранешниот адвокат на Доналд Трамп

Точка

20/10/2021

21:21

5.095

Големина на фонт

а а а

Каније Вест повторно се појави маскиран, а овој пат во Њујорк се состанал со поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен.

Фотографирани се во кафе бар на Апер Ист Сајд, а ова било нивната втора средба овој месец, а Коен наводно му помага на Вест со продажба на недвижности.


Коен на медиумите им објасни зошто раперот се одлучил за овој необичен изглед.

"Целта на маската е да не го препознаваат луѓето. Во првите десет минути му пријдоа многу лица кои сакаа да се поздрават и фотографираат. Потоа одлучил да ја стави маската за да се сокрие од очите на јавноста. Очигледно е дека неговиот план не успеа", раскажал Коен.


Вест, кој синоќа официјално го променил името во Је, слична маска носел во Венеција за време на викендот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг