И во САД идентификувана новата мутација на делта сојот на коронавирусот

Нетпрес

20/10/2021

20:42

3.557

Големина на фонт

а а а

Присуството на подвидот на делта варијантата на коронавирусот означена со AY4.2, првично идентификувана во Велика Британија, е потврдено и во САД, но нема докази за негови кластери или за зголемување на бројот на заразите, информираше во средата на брифингот за новинарите челничката на американскиот Центар за превенција и контрола на болестите (CDC), Рошел Валенски.

„Продолжува појавата на нови варијанти додека вирусот се шири. Особено внимане во последно време прдизвикува варијантата AY4.2, која неодамна беше идентификувана во Обединетото Кралство и претставува подвид на сојот ‘делта’. Периодично го гледаме во САД, но во моментов не регистрираме зголемување на бројот случаи зарази со него или појава на кластери“, рекла Валенски на брифингот во Белата куќа.

Истакнала дека во моментов нема докази дека новата варијанта влијае врз намелувањето на ефикасноста на вакцините или лековите за Covid-19. Изворната делта варијанта на коронавирусот во САД во моментов е доминантет и е потврден кај 99,7 отсто од заразените.

Според последните податоци на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразени 45,141 милиони луѓе, од кои како последица на комликациите починале околу 728.000 пациенти.

Минатата седмица британските научници објавија дека е идентификувана позаразна варијанта на коронавирусот од делта сојот. Според стручњаците од Институтот Сенгер во Кембриџ и Институтот за генетика при Универзитетскиот колеџ Лондон, новата варијанта AY4.2 може да биде 10 до 15 отсто позаразен од основниот вид на делта варијантата. Доколку бидат потврдени овие податоци, овој сој би станале најзаразната мутација која се појави од почетокот на ширењето на новиот коронавируст SARS-CoV-2.

Варијантата AY4.2, според некои научници, може да е одговорна за остриот раст на бројот на заразите на дневно ниво во Велика Британија, каде е потврдена веќе кај 10 отсто од новозаразените, бидејќи се забележува брзо зголемување на нејзиниот удел меѓу потврдените коронаинфекции.

Во вторникот израелското министерство за здравје соопшти дека оваа нова варијанта е идентификувана и во Израел. Единесетгодишно дете од Европа било носител на оваа подваријанта а било идентификувано на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив и е сместено во карантин, наведува министерството, додавајќи дека од тогаш не е потврдени ниеден друг случај.

Мутацијата AY.4.2 е една од 45-те подваријанти на вирусот делта регистрирани ширум светот, идентификувани од научниците во јули и има две карактеристични мутации, наречени Y145H и A222V, во протеинот со шилец со кој вирусот ги инфицира човечките клетки и засега нема индиции дека овие промени значително ја зголемуваат преносливоста, но тоа е предмет на засилени проучувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг