Вредноста на криптовалутата биткоин е највисока од кога и да било. Неговата цена сега изнесува 66.140 долари.
Досега највисоката вредност била таа од 14 април оваа година - изнесувала 64.800 долари. Само во минатата седмица вредноста на оваа криптовалута пораснала за 20%.
Вредноста на биткоинот на пазарот е три пати поголема од таа на етерумот, која изнесува 479 милијарди долари, односно 15 пати поголема од вредноста на бинансот која изнесува 84 милијарди долари, пишува Форбс.
Ова е енормен пораст на цените на биткоинот, а пола година претходно се случувало пад на цените. Аналитичарите очекуваат да ќе продолжи растот на неговата цена.