Во рацете на боговите – овој необичен златен мост е чудо на архитектурата

Точка

20/10/2021

15:25

31.602

Големина на фонт

а а а

Кау Ванг или Златен мост се наоѓа во планините над виетнамскиот град Да Нанг.

Овој необичен мост долг е 150 метри, а наречен е по патот кој личи на златна лента по која луѓето одат, а која ја држат две дланки.

Сместен е во Анамските планини во Виетнам на 1.400 метри надморска височина, на тромеѓето на земјата со Лаос и Камбоџа.


Златниот мост е отворен во јуни 2019 година во рамките на популарната туристичка локација Thien Thai Garden, а во таа прилика еден од архитектите кој работел на конструкцијата на мостот изјавил дека „мостот симболизира големи дланки на боговите кои од површината извлекуваат злато“.

До мостот се стигнува со жичница долга 5.801 метри која воедно е најдолгата жичница на светот и која влегла во Гинисовата книга на рекорди.





Спонзорирани линкови

Маркетинг