Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Макфакс

20/10/2021

09:42

891

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира.

Министерот за имиграција во владата на Австралија, Алекс Хок, ги потврди пишувањата на медиумите, дека невакцинираните нема да можат да влезат во Австралија.

„Добивме совет од нашите здравствени работници и нашите здравствени советници, да не ги пуштаме во државата луѓето кои не примиле две дози од вакцината“, рекол Хок и дополнил.

„Немам порака за Новак Ѓоковиќ. Имам порака за сите оние што сакаат да дојдат во Австралија, па и за него. Ќе мора да биде вакциниран со две дози“.

Австралија опен, првиот гренд слем во сезоната, ќе се одржи од 17. до 30.јануари 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг