Започна судењето на поранешна секретарка во нацистички логор обвинета за соучество во убиство на повеќе од 10.000 луѓе

Точка

19/10/2021

17:30

4.867

Големина на фонт

а а а

Започна судењето на 96 годишната поранешна секретарка од нацистичкиот логор во Германија. Станува збор за Ирмгард Фурхер која била уапсена после обид за бегство, а обвинета е за соучество во убиството на повеќе од 10,000 луѓе во логорот Шуфхоф во окупирана Полска.

Фурхнер во логорот работела како секретатка, а се обидела да побегне на почетокот на година за да не се појави на суд. Домот за стари лица во градот Квикборн во кој престојувала го напуштила на 30 септември, но нешто подоцна била уапсена во Хамбург. Потоа била пуштена на слобода, но носела електронска ракавица.


Таа работела во канцеларијата на командантот Пол Вернер Хоп од јуни 1943 до април 1945 година. На Хоп претходно му се судело бидејќи бил осуден поради соучество во убиство. Осуден бил на девет години затвор во Бохум.


Во логорот Штуфхоф умреле околу 65.000 луѓе вклучувајќи и еврејски затвореници и советски заробеници на војната.

Фурхнер му рекла на судијата дека не сака да биде на клупата за обвинети за време на судењето, а Меѓународниот комитет на Аушвиц тврди дека покажала презир за преживеаните, но и кон правата на властите.


Моментално се суди и на 100 годишно лице обвинето за помагање и поддржување на убиство на илјадници затвореници во логорот Саксенхаузен во Бранденбург во Германија. Станува збор за Џозеф Шуетц, најстариот човек на кој му се суди за злосторствата од нацистичката ера. Тој се изјаснал дека е невин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг