Пресврт во Норвешка: Жртвите на лудиот напаѓач не се убиени со лак и стрела! Биле избодени до смрт, некои во домовите, некои на улица

Точка

18/10/2021

19:45

6.755

Големина на фонт

а а а

Петте лица кои минатата недела во норвешкиот град Конгсберг настрадаа во нападот на Данецот кој преминал на ислам, поради што властите овој напад го нарактеризирале како терористички акт, не биле убиени со стрели како што првично се мислеше, туку биле избодени до смрт, објавила норвешката полиција седум дена по нападот, пишува Гардијан.

Жртвите на лудиот убиец, четири жени и еден маж на возраст помеѓу 52 и 78 години, починале во средата во нападот во Конгсберг, град кој е оддалечен околу 70 километри западно од главниот град Осло.

Напаѓачот бил наоружан со лак и стрела, со која пукал во неколку луѓе и ранил најмалку едно лице, но во денеска полицискиот инспектор Пер Томас Омхолт за новинарите рекол дека ниту една смрт не е предизвикана од тоа оружје.

„Пет лица се убиени со убодно оружје“, рекол Омхолт на прес-конференцијата. Тој одбил да каже дали се работи за ножеви или поголемо оружје.

„Некои се убиени во своите домови, други на јавни места“, рекол Омхолт, пишува „Гардијан“.

Уште три лица се повредени, вклучувајќи и полицаец надвор од должност, кој бил погоден со лак и стрела во рана фаза на нападот кој траел до 35 минути.


Според наводите на полицијата, 'двоцифрен' број на луѓе се погодени со стрели на почетокот на нападот.

„Во еден момент тој ги фрлил или изгубил лакот и стрелата“, рекол Омхолт.

Полицијата соопштила дека уште ги испитува сведоците.

„Сите индикации се дека жртвите биле избрани по случаен избор“.

Полицијата на почетокот рекла дека убиството го извршил маж наоружан со лак и стрела. Подоцна додале дека имало и друго оружје. Омхолт не одговорил зошто биле потребни шест дена за да се расчисти случајот.

Истражителите уверуваат дека единствениот осомничен во случајот, кој полицијата го именуваше минатата недела - Еспен Андерсен Братен (37) е ментално болен и се наоѓа во безбедна психијатриска установа.

Еспен е уапсен кратко по нападот и ги признал убиствата.

Тој е ставен во притвор на четири недели, од кои две ќе помине во изолација и забранета му е комуникација. Данскиот државјанин се терети за пет убиства и три обиди за убиства.