Најмалку 10 жртви во обилните дождови во Индија

Нетпрес

17/10/2021

12:23

996

Големина на фонт

а а а

Најмалку десет луѓе загинале во поплавите и одроните на земја во индиската сојузна држава Керала која е погодена од обилните врнежи, пренесуваат во неделата локалните медиуми.

Поради врнежите кои предизвикаа големи порои, локалните власти побараа помош од војската во спроведувањето на операциите на спасување на жителите.

Покрај десетте загинати, 11 лица од кои пет се деца, се водат како исчезнати. Најпогодените области во сојузаната држава се окрузите Идуки и Котајам.

„Во некои делови од државата состојбата е многу сериозна, па побаравме помошт од копнените сили на војската, моранрицата и военото воздухопловство“, изјави глевниот министер за Керала, Пинарају Виџијан.

Поради невремето е одложен и масовниот аџилак во храмот Сабаримала во Керала.

Вонсезонските дождови, кои доаѓаат по сезоната на монсуните, се предизвикани од нискиот воздушен притисок над соседното Арапско Море.



Спонзорирани линкови

Маркетинг