На кејот покрај ГТЦ, вечерва се отвора новиот мексикански ресторан „Buenos Dias“. Ново урбано место, каде ќе може да уживате во богат асортиман на мексиканска храна и пијалоци и прекрасна атмосфера која носи нова енергија во угостителскиот круг.
Особено внимание ни привлече уредувањето на ентериерот на „Buenos Dias“. Изобилството од зеленило и растенија, надополнето со пријатно амбиентално осветлување создаваат прекрасна атмосфера и чувство на вистинско уживање додека седите таму. Во прилог ви пренесуваме дел од „Buenos Dias“ пред неговото отворање: