Мајк Тајсон: Психоделичните дроги ми помогнаа да го развијам односот со Бог

Точка

16/10/2021

16:40

5.840

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, легендарниот Мајк Тајсон верува во моќта на психоделичните дроги и отворено се залага за терапевтска употреба на психоделична дрога како "магичните печурки" и ЛСД.

Кариерата на Тајсон беше обележана со професионални успеси и контроверзии. Неговиот живот бил проследен со емоционална нестабилност, користење на дроги и постојан проблем со законот.

Сепак, Тајсон започнал да користи психоделици како терапија пред околу пет години и тврди дека доживеал голема промена и дека животот никогаш повеќе нема да му биде ист.

"Гледате ли колку ми се промени животот од пред пет години? Бев наркоман пред пет години. Не мислев дека ќе можам да преживеам. Тогаш се запознав со животинска и билна медицина", рекол Тајсон.

"Тешко е да се артикулира од моја перспектива, но психоделиците ми помогнаа да го развијам својот однос со Бог", додаде Тајсон.

Успешното искуство на Тајсон со психоделичните дроги го натера да вложи капитал во оваа растечка индустрија, а веќе неколку години се занимава со растење и продавање на марихуана во Калифорнија, бизнис кој му носи голема сума на пари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг