Сондата на НАСА, "Lucy", одлета кон Јупитер

Точка

16/10/2021

13:31

8.320

Големина на фонт

а а а

Сондата на НАСА, "Lucy", денеска заминала на мисија за истражување на астероидите на Јупитер.

Лансирана со помош на ракетата "Atlas V" од Кејп Карневал на Флорида, "Lucy" тргнала на 12-годишна мисија, во текот на која ќе мине речиси 6,5 милијарди километри во вселената.

Повеќе од 14 метри долгата сонда, која работи на бензин и батерии, може да биде наполнета со помош на соларни панели.


Таа ќе лета во близина на Тројанците, седумте астероиди на Јупитер.

Тројанците се астероиди кои кружат околу Сонцето пред Јупитер, при што се движат еден зад друг.

Се смета дека Тројанците се остатоци од исконски материјали формирани од надворешните планети, поради што НАСА се надева дека мисијата ќе даде нови увиди во формирањето на планетите и Сончевиот систем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг