(Видео) Скандал во Англија: 43.000 лица добиле погрешни резултати од ПЦР тестови

Точка

15/10/2021

12:12

3.784

Големина на фонт

а а а

Во лабораторија во Англија било прекинато тестирањето на коронавирус откако се појавиле сомнежи дека околу 43.000 лица можеби добиле неточни резултати.

Истрагата е покрената откако се појавиле информации за лица кои добиле негативни резултати на ПЦР тестот во лабораторија во Вулверхемптон, откако претходно биле позитивни на уредот со кој се спроведувал тестирањето.

Се проценува дека во таа лабораторија биле спроведени 400.000 тестови и дека околу 43.000 лица добиле неточни резултати во период од 8 септември до 12 октомври.

„Во рамки на нашата истрага, соработуваме со компанијата „NHS Test and Trace“ за да ги утврдиме лабораториските технички проблеми кои довеле до тоа луѓето да добијат неточни ПЦР резултати“, изјавил Вил Велфер од британската Агенција за здравствена безбедност.


Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешните резултати велат дека во целост соработуваат со Агенцијата.