Истражување на Цивика мобилитас: Со вакцинацијата има 14.500 помалку заразени од Ковид-19 во последните три и пол месеци

Точка

15/10/2021

12:49

2.274

Големина на фонт

а а а

Анализите на Министерството за здравство утврдија дека помеѓу 79 отсто и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се невакцинирани, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил.

Министерот посочува дека истражувањето на Цивика мобилитас потврдува дека во последните три и пол месеци има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 отсто и 46,5 отсто, а трошоците за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот се пониски за 2,8 милиони евра.

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од...

Posted by Венко Филипче on Friday, October 15, 2021

„Вакцинацијата против Ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. Со вакцината се штитите себеси, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас“, напиша Филипче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг