Оваа земја има највисок процент на вакцинација против коронавирус - дури 99 отсто

Точка

15/10/2021

10:52

6.351

Големина на фонт

а а а

Малата пацифичка земја Палау има највисок процент на луѓе во светот кои се вакцинирани против коронавирус, соопшти вчера Меѓународната федерација на друштва на Црвениот крст (IFRC) и апелира нејзините соседи да го следат тој пример и да ги зголемат напорите во имунизацијата.

Како што соопштува „IFRC“, 99 отсто од населението во Палау постаро од 12 години ги примило двете дози вакцина против Ковид-19, повикувајќи се на владините податоци кои покажуваат дека тоа се 16.152 лица, пренесува „Ројтерс“.

Ваквиот податок го става Палау, архипелаг од 500 острови во западниот дел на Тихиот океан, на „прво место“, наведува „IFRC“.

Се додава дека Палау е пред Португалија, која е прогласена за една од земјите со најголем број на вакцинирани во светот, бидејќи 80 отсто од населението од 10 милиони луѓе се во целост имунизирани.

Но, извештајот претставува и остар контраст во однос на другите мали народи во регионот кои имаат забавено воведување на вакцинацијата поради ограничената понуда на вакцини и колебање кое владее кај населението.

„IFRC“ додава дека Палау не е „сама“ помеѓу пацифичките држави кои предничат во светот по стапката на вакцинација по глава на жител. На Куковите острови на кои живеат 17.000 жители, 96 отсто од населението е во целост вакцинирано, додека на Фиџи (896.000 жители) процентот на население кое примило барем една доза вакцина е 96.



Спонзорирани линкови

Маркетинг