Трагедија во Радовиш: Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“

Макфакс

13/10/2021

15:43

9.225

Големина на фонт

а а а

Две млади лица загинаа во рудникот „Бучим“. Трагедијата се случи денес претпладне кога двајцата радовишани чистеле високо недостапни силоси, работа која ја извршувале како надворешни лица ангажирани од алпинистичкиот клуб „Плоча“, подизведувачи во рудникот. Засега е познато дека тие починале на пат кон болница, каде им подлегнале на повредите.

Од рудникот „Бучим“ преку известување го потврдуваат случајот, посочувајќи дека се известени сите надлежни органи. Според нивните информации, двете млади лица починале поради задушување.


„Известени и повикани се на лице место сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид. По првична информација од службите, причината за смртта на двете лица е задушување. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени. Бучим ДОО Радовиш го искажува своето искрено сочувство до семејствата на починатите лица“ стои во официјалното известување од рудникот „Бучим“.

На терен се екипи и на МВР кои вршат увид, по што се најавени детали за несреќата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг