Од 141 санкции за возење под дејство на алкохол, 30 во Битола а 20 во Штип

Нетпрес

03/10/2021

11:16

2.083

Големина на фонт

а а а

Во текот на саботата вечерта и ноќта кон неделата, во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на земјата.

Притоа, анкционирани се 141 возач, од кои 30 на територијата на СВР Битола, 20 на територијата на СВР Штип…, информираат во неделата од Министерството за внатрешни работи.

Возачите под дејство на алкохол биле исклучени од сообраќај, времено одземени им се возачките дозволи и издадени им се прекршочни платни налози.

Од МВР порачуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.