(Видео) Симовски го прогласи пописот за успешен! „Бројот на лица кои одбиле да се попишат се бројат во промили“

Точка

30/09/2021

21:54

5.634

Големина на фонт

а а а

Директорот на Државниот завод за статистика го прогласи Пописот на населението за успешен.

Според податоците кои тој ги објави, попишани се вкупно 1.832.696 луѓе.

Пописот сепак бил бојкотиран, призна директорот на ДЗИ. Тој ниту самиот немаше точни бројки колкумина јасно одбиле да се попишат, но тврди дека имаат евиденција и најави постапки. Смета дека бројот на лица кои одбиле да учествуваат во операцијата се бројат, во, како што рече, промили.

„Нашата цел во старт беше да не казнуваме. Оние кои што јасно одбија да бидат дел од пописот, за нив има изјави од попишувачите и ќе бидат покренати постапки. Како ќе завршат, не зависи од нас, не сме ние таа институција“, рече Симовски.

Прес-конференција на Апостол Симовски и Илми Селами

Posted by MИА.mk on Четврток, 30 септември 2021

Тој објасни дека прво, комисиите на пописните реони треба да ги финализираат завршните активности - прибирање на лап-топите, останатите пописни материјали и нивно враќање во Заводот, а потоа ќе почне процесот на обработка на податоците според утврдена програма и Акцискиот план.




Спонзорирани линкови

Маркетинг