Заврши Пописот 2021: Симовски вечерва ќе информира колкав број на граѓани не се попишани и кои се следните чекори

Точка

30/09/2021

20:47

3.162

Големина на фонт

а а а

Апликациите за попишување во земјата и за самопопишување на дијаспората се затворени вечерва во 20 часот, со што завршија пописните активности во рамки на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, 2021.

Најголемата статистичка операција по 20 години во земјава траеше 26 дена, од 5-ти септември до денеска.

Државниот завод за статистика во следните неколку дена треба да ги направи последните проверки и сумирање на податоците, како и техничките активности на раздолжување на попишувачите.

Официјалните резултати од пописот ДЗС треба да ги објави најдоцна за шест месеци, односно до крајот на март 2022-та година.

Според состојбите од терен и глетките пред општинските канцеларии, еден број од граѓаните не биле посетени или најдени од страна на теренските попишувачи, па останува директорот на Заводот Апостол Симовски вечерва на прес-конференција, меѓу другото, да соопшти колкав број на граѓани не се попишани и како тие податоци за нив ќе бидат обработени и дополнети во сумираните податоци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг