Анализа: До 14.000 денари пензија земаат 50,06% од пензионерите, над оваа сума 49,94%

Точка

29/09/2021

18:11

97.226

Големина на фонт

а а а

Вкупниот број на пензионери во август изнесува 325 637, а просечната пензија 15.854 денари, покажуваат податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ).

Најголем дел од пензионерите земаат старосна пензија (219 323), семејна (75 785), инвалидска (30 529). Кај висината на просечната пензија најмала просечна пензија од 8.263 денари имаат пензионерите кои земаат земјоделска пензија, додека највисока просечна пензија имаат воените пензионери и таа изнесува 23.069 денари. Просечната пензија пак кај најголемата група на корисници по старосна пензија изнесува 17.117 денари.

Просечната пензија изнесува 15.854 денари

Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување според состојбата на корисници на пензии по групи, најголем дел од пензионерите земаат пензија над 18.000 денари и до 11.000 денари, односно највисоката и најниската група. Пензионерите со пензии над 18.000 денари во вкупната структура учествуваат со 28,8 проценти (93 798), додека со пензиите што се сметаат под минимална до 11.000 денари нивното учество е 26,68 отсто (86 865) .

Или ако се соберат процентите до 14 илјади денари пензија земаат 50,06 проценти од пензионерите, додека од 14.000 па нагоре 49,94 отсто. Или во бројки тоа би било 163 012 пензионери земаат пензија до 14.000 денари додека 162 625 над оваа сума.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.