Обвинителството со нови детали за убиениот полицаец во Велес – бил прободен со нож во срцето

Нетпрес

29/09/2021

14:13

4.210

Големина на фонт

а а а

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта, изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство, соопштија од ОЈО Велес.

Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето.

По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги и предмети од самото место на настанот кои ќе бидат доставени на вештачење, а телото на починатото лице – вработен во СВР Велес, предадено е на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија заради вршење на обдукција

Во текот на денот ќе се изврши испитување на лицето за кое постои сомневање дека е сторител на кривичното дело.​