Регистрирани над 400 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 14 лица

Макфакс

28/09/2021

19:04

3.582

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 245, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид – 8, Тетово и Струмица по 6, Штип, Радовиш и Валандово по 5, Кратово и Крушево по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по 2 и по еден заразен во Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се и 14 починати лица, од кои петмина од Скопје (73, 72, 70, 61 и 57 години), по двајца починати од Тетово (88 и 72 години) и Кратово (73 и 66 години), како и по еден починат од Демир Капија (69), Прилеп (90), Радовиш (55) и Штип (74). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 8 до 28 септември годинава. Починати се по 2 лица од Гостивар, Струмица и Тетово и по едно од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години. Од пријавените лица 5 се починати во домашни, а 4 лица во болнички услови.

Во изминатите 24 часа регистрирани сe и 496 оздравени пациенти од: Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница по 4, Пробиштип и Ресен по 3, Кочани и Делчево по 2 и по еден од Охрид, Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.

Направените 3.512 тестови се преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-57, ЦЈЗ Тетово–42, ЦЈЗ Куманово-60, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија – 5, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-187, Биотек-265, Систина-114, лабораторија Лаор-144, Синлаб-24, Ремедика-29, Плодност–46, Генеа-10, Никоб лаб-426, ВФВ Медикал-48, Ели Медика-60, Ројал Медика –11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.

Досега во земјата се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 190.463, бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 82847, Активни 5596

Куманово 11303, Активни 937

Тетово 10803, Активни 918

Прилеп 9014, Активни 294

Гостивар 7952, Активни 478

Битола 7057, Активни 273

Велес 6179, Активни 324

Охрид 5915, Активни 522

Кавадарци 5870, Активни 216

Струмица 5700, Активни 284

Штип 5665, Активни 217

Кичево 3948, Активни 410

Струга 3775, Активни 365

Кочани 3218, Активни 148

Гевгелија 2395, Активни 78

Неготино 2309, Активни 38

Свети Николе 1874, Активни 107

Ресен 1528, Активни 90

Радовиш 1506, Активни 92

Дебар 1447, Активни 113

Крива Паланка 1409, Активни 88

Берово 1206, Активни 29

Делчево 1118, Активни 68

Виница 1022, Активни 47

Пробиштип 909, Активни 35

Валандово 811, Активни 31

Кратово 555, Активни 54

Богданци 545, Активни 12

Крушево 526, Активни 19

Македонски Брод 466, Активни 28

Демир Хисар 435, Активни 23

Демир Капија 409, Активни 6

Пехчево 312, Активни 4

Македонска Каменица 296, Активни 18

Дојран 139, Активни 0