Фото: Заев и Мицкоски на заедничка маса во германската амбасада во Скопје ги следат резултатите од изборите

Точка

26/09/2021

21:06

6.950

Големина на фонт

а а а

Во исчекување на резултатите од изборите за Бундестагот во Германија, во германската амбасада во Скопје на иста маса се најдоа лидерите на двете најголеми партии во Македонија Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Двајцата ривали на политичката сцена, овојпат во опуштена атмосфера ги следат информациите од Германија, каде 64 милиони лица со право на глас денеска бираа нов состав на Бундестагот и наследник на Ангела Меркел на функцијата канцелар.


Изборната драма во Германија ја следат во друштво на амбасадорката Анке Холштајн.

Според анкетите СПД води со 26 проценти од гласовите, а коалицијата ЦДУ/ЦСУ има 24 отсто од гласовите.

СПД успеа да го подобри резултатот од претходните парламентарни избори за повеќе од пет проценти, додека ЦДУ/ЦСУ загубија поддршка од речиси девет проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг