Заев: Шаховската федерација ја има поддршката од Владата за организација на идните меѓународни шаховски првенства

Макфакс

24/09/2021

20:18

1.045

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Светската шаховска федерација (FIDE) предводена од претседателот на федерацијата Аркадиј Дворкович и која е во посета на нашата земја по повод 36. Европски клупски куп (ЕКК) во шах, што се игра во Струга.

„Премиерот Заев на средбата, на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, истакна дека во рамките на спортската дипломатија заложбата на Република Северна Македонија е да биде домаќин на што поголем број меѓународни спортски и шаховски настани со цел да ги поддржи врвните остварувања во сите спортски дисциплини и во шахот“, соопштија од Владата.

На средбата било нагласено дека Владата е подготвена да ѝ ја даде потребната поддршка на Шаховската федерација на Република Северна Македонија како организатор на идните меѓународни шаховски првенства.

„Во разговорот за време на средбата, во која зедоа учество и претседателот на Европската шаховска федерација, Зураб Азмаипарашвили, извршната директорка на FIDE, Дана Озола, претседателката на Шаховската федерација на Северна Македонија, Александра Гакидова, и шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, стана збор и за системското вклучување на шахот во образованието за што од Светската шаховска федерација се подготвени да ја дадат неопходната поддршка“, се наведува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг