Д-р Докиќ: „Од 381 починат пациент, една петтина се примени со задоцнување“

Точка

24/09/2021

19:34

2.197

Големина на фонт

а а а

Пулмологот Дејан Докиќ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 како една од причините за високата смртност од Ковид-19 го наведе тоа што голем дел од пациентите во болница се примаат во многу тешка состојба.

„Постојат повеќе причини за високата смртност. Пациентите доаѓаат во тешка состојба. Не сите. Од 2.000 лечени пациенти во период од шест месеци, 381 пациент почина. Од кои една петтина починале истиот ден кога се примени, што значи дека се примени во многу тешка состојба и не може да им се помогне. Тоа е една причина, не е единствена. Една од причините е и самиот имуниолошки систем, доколку има пресилен одговор. Тој е наследен, но на него влијаат и други надворешни фактори“, рече Докиќ.

„Ни со машини или лекови тогаш не може да им се помогне. Пациентите прво мислат дека е Ковид-19, дека лесно ќе поминат, меѓутоа болеста е таква кај некого што состојбата се влошува меѓу седмиот и деветтиот ден. Тоа зависи од имунилошкиот систем на организмот. Сепак треба да имаме предвид и дека пресилен имунитет може да навлезе во цитокинска бура, при што голем дел од нив починуваат“, вели Докиќ, додавајќи дека староста и хроничните болести се исто така меѓу причините за голема смртност од коронавирусот.

Голем дел од граѓаните, особено младите не сакаат да се тестираат, вели пулмологот д-р Дејан Докиќ.

„Меѓу младите таа работа е многу присутна. Еден дел од нив приоритет им е да не бидат во изолација“, укажува Докиќ за емисијата „Само вистина“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг