Дерек Шовин подготвил жалба: Полицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд тврди дека поротата била очигледно пристрасна

Точка

24/09/2021

12:51

2.351

Големина на фонт

а а а

Поранешниот полицаец од американскиот град Минеаполис, Дерек Шовин, подготвил жалба на пресудата од судот кој го прогласил за виновен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Поротата оценила дека Шовин е виновен за убиството, откако го држел коленото на вратот на врзаниот Флојд повеќе од осум минути во текот на апсењето во мај 2020-та година, по што дошло до големи нереди во САД.

Шовин во јуни бил осуден на 22,5 години затвор.


Во документот кој го предал во четвртокот до судот, Шовин поставил 14 прашања за кривичната постапка, вклучувајќи и едно кое се однесување на одбивањето на судот да го промени местото на судење.

Шовин рекол дека смета дека судијата ја злоупотребил својата позиција кога ги одбивал барањата за изземање на поротата во текот на судењето, како и дека му го ускратил новото судење иако требало да го направи тоа поради, како што опишал, недолично однесување на поротата, која очигледно била пристрасна.


Шовин паралелно поднел барање жалбената постапка да се одложи додека Врховниот суд во Минесота не ја преиспита претходната одлука да му се ускрати јавен адвокат, кој би го застапувал при жалбата.

Шовин по заклетва рекол дека нема адвокат во жалбениот процес.

Додал дека нема никакви приходи освен затворска плата, велејќи дека неговиот случај го плаќало Здружението на пензионирани полициски службеници на Минеаполис, но дека престанало да му плаќа за одбраната откако бил прогласен за виновен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг