Украинскиот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Олександер Усик, на последното соочување со Ентони Џошуа пред нивната пресметка се облече како Џокер од филмот со Хоакин Финикс откако претходно ја избричи косата и пушти мустаќи во стилот на украинските козаци.
34-годишниот Украинец, кој има 18-0 скор, се појави во портокалов костум, жолт елек, зелена кошула и вратоврска со точки.
Џошуа, носителот на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО-титулите, ќе се судри со поранешиот шампион во крузер-категорија, Усик, в сабота на 25 септември на новиот стадион на Тотенхем во Лондон.