Најголемите љубовни триаголници во Холивуд за кои секогаш ќе се зборува

Точка

23/09/2021

17:20

7.636

Големина на фонт

а а а

Иако живеат живот од бајките, единствено нешто кое со пари не можат да го купат е љубовта и довербата.

Случајно или намерно, овие славни ѕвезди остануваат запаметени токму поради 'љубовните скандали'.

Џенифер Лопез - Бен Афлек - Алекс Родригез

Веста дека Џенифер Лопез и Алекс Родргез раскинале, брзо го обиколи светот, а како причина за љубовниот крах се наведува неверството на бејзбол играчот. Меѓутоа, за шокот да биде уште поголем, само неколку недели по раскинувањето, во животот на пејачката се појавил Бен Афлек, поранешниот нејзин вереник.


Откако се појавија шпекулации дека Џенифер и Бен после 17 години повторно ја оживеале својата љубов, тие тоа го потврдија и со заеднички фотографии од нивното љубовно патување.

Анџелина Џоли - Бред Пит - Џенифер Анистон

Ова е сигурно најпознатиот љубовен триаголник! Иако Бред никогаш не признал дека ја изневерил Џенифер со Анџелина, сите факти секогаш укажувале на тоа дека Бред и Анџелина својата врска ја започнале на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Јавноста знае дека Бред и Џенифер тогаш уште биле во брак.


Ријана - Крис Браун - Каруче Тран

Познатата пејачка преживеала вистински бродолом. Имено, додека била во врска со познатиот Крис Браун, на прсти не можеме да изброиме колкупати раскинале и се смириле.


Нивната љубовна врска ја одбележа нападот поради кој пејачката завршила во болница. Имено, среде оваа приказна се најде и Каруче Тран, виетнамска манекенка која во една прилика изјавила дека постојано се наоѓала во љубовен триаголник.

Кендал Џенер - Џастин Бибер - Селена Гомез

Селена Гомез, поранешната девојка на Џастин Бибер, го прекинала своето пријателство со долгогодишната пријателка Кендал Џенер, поради шпекулациите дека била во тајна врска со младиот срцекршач Џастин.


The Weeknd - Бела Хадид - Селена Гомез

Селена била вмешана во уште една љубовна драма. The Weeknd и Бела Хадид биле во врска до крајот на 2016-та година, со неколку раскинувања во меѓувреме. Кратко откако прекинале последниот пат, стана познато дека уметникот се гледа со Селена Гомез. Фановите се сомневаат дека нивната романса започнала додека пејачот бил во врска со Бела.




Спонзорирани линкови

Маркетинг